Посилен земјотрес ги разбуди Хрватите

од Stefanija Kuzmanovska

Земјотрес со јачина од 3,6 степени според Рихтеровата скала синоќа ја погодил Хрватска, забележаа сеизмографи на Сеизмолошката служба на Хрватска.

Земјотресот бил со епицентар кај Затон Обровацки, кај Грачац.

Магнитудата на земјотресот бил 3,3 степени според Рихтеровата скала, а интензитетот во епицентарот V (пет) според ЕМС скалата.

Земјотресот бил почувствуван во областа околу Обровац, Бенковац и Задар.

Потоа уследиле серија послаби земјотреси од кои најсилниот бил со јачина од 1,7 степени според Рихтеровата скала, во 4 часот и 51 минути.

Неколку луѓе одговориле на апликацијата EMSC и го опишале земјотресот како „силен и краток“ и дека се слушнал „татнеж кој нè разбуди“.

Засега нема информации за евентуална материјална штета.

Слични содржини