Поскапуваат бензините од полноќ

од Nikola Popovski

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,45% во однос на одлуката од 14.7.2023 година.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување кај бензините во просек за 4,802%, кај дизелот зголемувањето е во просек за 0,608% , кај екстра лесното масло зголемувањето е во просек за 4,605% и кај мазутот зголемување во просек за околу 3,130%, поради што во структурата на цените на нафтените деривати е извршено соодветно прилагодување.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) не се менува, односно останува на исто ниво, како што била утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 14.07.2023 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 72,50 ден/лит.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се зголемуваат за 1,50 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 14.07.2023 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 81,50 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 83,50 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) изнесува 71,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, се зголемува за 0,585 ден/кг, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 14.07.2023 година и со тоа малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 42,369 ден/кг.

Од 18.7.2023 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
– Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 95 – 81,50 (денари/литар)
– Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 98 – 83,50 (денари/литар)
– Дизел гориво – ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 72,50 (денари/литар)
– Масло за горење – Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) – 71,50 (денари/литар)
– Мазут М-1 НС – 42,369 (денари/килограм)

Слични содржини