Независната угостителска комора (НУК) денес објави дека по пауза од 14 месеци, во првиот викенд после опуштањето на рестриктивните мерки, биле организирани над 100-тина свадби, односно прослави со посебни протоколи.
НУК наведува дека се одржуаат свадби и другите веселби и прослави низ Македонија наспроти, како што истакнуваат многуте нелогичности и пропусти во новите протоколи.
Инаку НУК формираше сопствен регистар за свадби, прослави и веселби кој го става на располагање на сите угостители и угостителски објекти како и државни институции, комори, здруженија за да може да се исполнат барањата во точка 7 од протоколите за организирање на свадби, прослави и останати веселби.
Од таму наведуваат дека на покана и барање на Здружението за туризам и угостителство Охридски ЕСНАФ во Хотел СУ, Охрид во периодот од 11:00 до 17:00 часот, ќе им ги презентираат на Охридските и Струшките угостители начините и бенефитите од стекнување на правото за користење на сертификатите ЧИСТО И БЕЗБЕДНО (CLEAN & SAFE) и SAFE TRAVELS. Во текот на денот од страна на комисијата на НУК ќе биде направена првата физичка проверка и ќе биде издаден официјално првиот сертификат и безбедносен печат SAFE TRAVELS за членките на НУК.