534
Сме покажале дека имаме капацитет со предизвиците. Немам никаква дилема, ниту граѓаните треба да имаат што ќе се случи после четврток, вели директорот на ТИРЗ, Јован Деспотоски во гостувањето на емисијата „24 анализа“.
Според него, доколку иницијативата на ВМРО-ДПМНЕ не успее, политичкиот курс на државата ќе се задржи и продолжува понатаму.
-Остануваме посветени на ЕУ, да ги искористиме сите придобивки од НАТО, продолжуваме на патот на повеќе работни места. Оваа влада за првпат пред 4 години започна програма за финансиска поддршка на инвестирање во приватниот сектор, работните места и платите, рече Деспотоски.