После Пандев, останавме и без селекторот

од Nikola Popovski
523 прегледи

Селекторот Игор Ангеловски изјави од Амстердам дека мечот со Холандија е последен за него на местото на клупата на нашата репрезентација.

„Ова е моја последна прес-конференција како селектор. Мојот договор со Фудбалската федерација на Македонија истекува на 31 јули, а со тоа и моите обврски завршуваат“, соопшти Ангеловски.

Македонија го загуби натпреварот, трет во групата Ц, со 3: 0 и со тоа го завршивме натпреварувањето со три порази.

Ангеловски дојде на клупата, уште во 2015 година, што го прави селектор со најдолго искуство во националниот тим.

Тој прв ги донесе нашите фудбалери на едно големо натпреварување. Претходните недели имаше некои шпекулации дека неколку европски клубови се заинтересирани за неговиот успех, вклучително и Џенова, каде игра Горан Пандев.

Потсетуваме, по Холандија, и Пандев се прости од репрезентативниот дрес, со тоа што Горан беше дел од националниот тим повеќе од 20 години.

Слични содржини