После победата: Борис Џонсон се дружи со Мик Џегер, модели и принцези (ФОТО)

од Vladimir Zorba

По историската победа на неговата Конзервативна партија, британскиот премиер Борис Џонсон реши да прослави со својата пријателка Кери Симондс. Тој се појави на голема забава, на која присуствуваа еден куп славни личности, објави „Дејли мејл“. Друштво на Џонсон му правеа рок sвездата Мик Џегер, принцезата Беатрис и поранешниот премиер Дејвид Камерон.

Џонсон и неговата девојка пристигнаа во приватна резиденција во Лондон на Божиќна забава чиј домаќин бил рускиот магнат Евгениј Лебедев. Со истиот костум што го испорачуваше својот триумфален говор на Даунинг стрит 10, Џонсон се приклучи на забавата со Боб Гелдоф, Дејвид Хаселхоф и Џемаима Голдсмит.

На забавата присуствуваа познати личности од политиката и шоубизнисот како што се актерката Сејди Фрост, манекенката Лили Кол и сестрата на премиерот Рејчел Џонсон, која до вчера се немаше сретнато лично со неговата нова девојка.

Дејвид Камерон, кој беше придружуван од неговата сопруга Саманта, му честиташе на својот стар пријател за изборната победа.

Слични содржини