После завршувањето на истрагата ќе одлучам дали ќе поднесам оставка, вели Филипче

од Nikola Popovski
358 прегледи

Министерот за здравство, Венко Филипче попладнево изјави дека од одговорноста за пожарот во ковид-болницата во Тетово не бега и ќе чека да заврши истрагата, по што ќе се произнесе дали ќе поднесе оставка од функцијата.

-Во моментов е потребно менаџирање. После завршувањето на истрагата ќе одлучам дали ќе поднесам оставка. Оставам да ги почекаме официјалните резултати, информира Филипче.

Тој додаде дека болниците во земјава се безбедни.

-Конструкцијата и инсталациите се присутни. Во сертфикатите имаме за огноотпорност и АТС, за секое парче кое таму е вградено. Сите податоци ги имаме во документите и ќе ги доставиме до јавноста, вели министерот.

 

Слични содржини