Невролошките компликации по короната не ги поштедија ниту децата.
Неврологот Рајко Раичевиќ, претседател на Здружението на невролози на Србија, објасни дека мозочниот удар е изумирање на дел од мозокот поради недоволно проток на крв во тој дел и дека тоа не е неочекувана компликација на короната дури и кај млади и здрави луѓе, пренесе „Србија данас“.
– Од самиот почеток беше забележано дека болеста е придружена со мултисистемска компликација. Ние се фокусиравме на белите дробови, но вирусот предизвикува системски одговор и такви компликации. Една третина од невролошките пациенти си ковид добија мозочен удар, најголемата опасност е непосредно за време на инфекцијата, но како кога камен ќе се фрли во мирна вода, потребно е време за да се смири површината на водата, така е и со организмот – рече тој.
– Сега имаме значителна категорија на пациенти кои имаат невролошки нарушувања, главоболки, вртоглавица, губење на сетилата, но и мозочни удари. Здружението заврши студија директно поврзана со ковид, и со УКЦ и болницата „Свети Сава“ утврдивме дека една третина од пациентите имаат сериозни мозочни удари. Поместувањето е, како што велиме во медицината, во лево – кај сите помлади. Кај оние кои немаат претходен проблем, хематолошки заболувања или проблеми со циркулацијата. Сега тоа им се случува на здрави и млади луѓе, ковид е предизвикувач на нарушувањето. Сега започнуваме нова студија за да најдеме некаков биохемиски параметар, за да ја следиме опасноста – рече тој.
Можеме ли да го намалиме ризикот со промена на нашите навики?
– Д-димерот укажува на проблем, CRP, па дури и седиментација на еритроцити. Луѓето кај кои овие параметри не се во ред мора да продолжат да земаат терапија, скринингот треба да го намали ризикот. Пациентите прележуваат и мислат дека завршиле, престануваат да земаат терапија и тогаш се појавува проблем. Превенцијата е слабо почитувана, имавме студија на Воено-медицинската академија, луѓе со висок крвен притисок кои имаа мозочен удар, земаа лекови на рецепт само во 20 отсто од случаите! Ние земаме лекови само кога се чувствуваме болни, и немаме сензибилитет за превенција – рече тој.