Претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер извади предлог во последен момент до Атина, во обид да се постигне договор за спасувачката програма на земјата во текот на денот, во кој треба да истече рокот за плаќање на нејзиното рата кон ММФ.
Според агенцијата Ројтерс и извори од Европската унија и грчката влада, за да биде прифатен предлогот, премиерот на Грција Алексис Ципрас треба да испрати писмена согласност на предлогот на доверителите од неделата во рамките на денешниот ден. Таа треба да пристигне навреме за организирање на вонредна средба на министрите за финансии од еврозоната и да ги повикува гласачите да гласаат во корист на спасувачката програма на претстојниот референдум во земјата на 5 јули.
Сепак има мали шанси Ципрас да се откаже од својата позиција против спасувачката програма која тој ја опиша како понижувачка за Грција, додава агенцијата.Понудата на доверителите од неделата вклучува во себе предлог на Грција за намалување на ДДВ на хотелите во земјата на 13%, а не како што предлагаа претходно доверителите – 23%.
