Денеска ќе се одржи последната средба меѓу Синдикатот за образование, наука и култура и Министерството за образование. Информацијата ја сподели првиот човек на Синдикатот, Јаким Неделков преку социјалните мрежи.
-Денес во 18 часот, на ZOOM апликација ќе се одржи последната работна средба меѓу СОНК и МОН закажана од овластениот помирувач. За исходот од преговорите ќе бидете благовремено информирани преку Соопштение за јавноста, објави Неделков на Фејсбук.
Претходно, двете страни соопштија дека напредок има, но тој е бавен. Членството на Синдикатот ја одби последната понуда на Владата за зголемување на платите за 12 отсто. Наставници протестираа пред седиштето на СОНК и бараа од Неделков да не отстапува од првичното барање, а тоа е зголемување на платите за 18,4 проценти.