ПОСЛЕДНАТА ФОТОГРАФИЈА од Берлускони пред да биде примен во болница

од Stefanija Kuzmanovska
372 прегледи

Италијанските медиуми ја објавија последната фотографија од поранешниот премиер Силвио Берлускони, пред да биде примен во болницата каде што почина.

Како што пренесува La Stampa, фотографијата е направена во неговиот омилен бар, а Берлускони е прикажан како го гушка синот на сопственикот на барот.

Да потсетиме, Берлускони почина во понеделникот во болница во Милано.

Поранешниот премиер на Италија беше хоспитализиран минатиот петок, за да направи „планирани тестови“ поврзани со хроничната миеломоноцитна леукемија, од која боледува веќе извесно време.

Слични содржини