Последната група од приведените Хрвати денеска даваат исказ пред истражните грчки судии

од Stefanija Kuzmanovska
216 прегледи

Последната група од 20 приведени Хрвати денеска пристигна да дадат исказ пред истражните грчки судии.

Многумина од нив пристигнаа со медицински маски за да не бидат видени. Сите тие треба да ги потврдат изјавите што ги дале на првиот распит. Како што пренесе „24 сата.хр“, сите ќе ги следат препораките на адвокатите и ќе негираат дека дошле во Атина со намера да се тепаат.

Автобусот со Хрвати пристигна под полициски сирени, а судот беше опколен од полицајци.

Обвинителството ги сомничи за 12 кривични дела, од кои најтешко е тоа за здружување во криминална организација, за што е предвидена казна затвор од 15 години.

Откако судиите ќе завршат со испитувањето, се очекува изјава на хрватскиот амбасадор во Грција, Александар Сунко.

Слични содржини