Последниот ден на бунтовникот Џејмс Дин

од Vladimir Zorba
92 прегледи

На денешен ден  30 септември  

 

1846.- Американскиот стоматолог Вилијам Мортон прв го употребил етерот како средство за анестезија.

1882.- Роден е германскиот физичар Ханс Вихелм Гајгер кој ги изучувал радиоактивните супстанци. Во 1928 година ја измислил направата за регистрирање и броење на наелектризираните честици и гама-зраците, односно за мерење на радиоактивноста, позната како „Гаргеров бројач“.

1903.- Во Виена и во Марцштег, мало штаерско место почнал состанокот меѓу рускиот цар Николај Втори и австроунгарскиот император Фрањо Јосиф и нивните министри за надворешни работи, на кој била изработена програма за реформи во Македонија позната како “Марцштеска реформска програма”, донесена на 2 октомври 1903 година. Со овие реформи, иако битно не се изменила состојбата во Македонија, сепак тие придонесле за актуелизирање на македонското прашање во меѓународните односи.

1938.- Во Минхен почнала дводневната конференција на владите на Велика Британија, Франција, Италија и на Германија, во чија работа учествувале и Хитлер и Мусолини. На конференцијата западните сојузници му ги предале на Хитлер областите на Судет, со што била жртвувана независноста на Чехословачка. Тоа бил триумф на Хитлер, капитулација на западните сили и предупредување на малите држави дека никој нема да ги брани.

1941.- Почнала првата германска офанзива на Москва во една од најголемите битки во Втората светска војна, водена до јануари 1942 година. Германците по големите загуби, во втората половина на ноември 1941 година тргнале во втора офанзива и повторно не успеале да ја заземат Москва. Во декември во противнападот од страна на Црвената армија тие биле отфрлени 200 километри од Москва со што пропаднал планот „Барбароса“.

1955.- Во автомобилска несреќа на 24-годишна возраст загинал американскиот актер Џејмс Дин, симбол на вознемирената и побунета младост по Втората светска војна. Филови: „Источно од рајот“, „Бунтовник без причина“, „Дивиот“.

1962.- Бели расисти предизвикале нереди во Оксфорд во американската држава Мисисипи затоа што врз основа на одлуката на федералниот суд црнецот Џејмс Медири бил запишан на дотогаш екслузивниот Универзитет Мисисипи.

1965.- Со киднапирање и убиство на шест генерали во Индонезија започнал несупешниот државен удар кој завршил со масакрирање на 700.000 членови и симпатизери на Комунистичката партија на Индонезија.

1966.- Германските воени злосторници Алберт Шпер и Балдур фон Ширах излегле од затворот во Шпандау по издржување на казната од 20 години.

1980.- Со симболично потсетување на бибилиските времиња, Израел ја вовел валутата шекел која ја замени фунтата.

1988.- Пензионирани биле пет високи советски функционери, вклучувајќи го и претседателот на Президиумот на Врховниот совет Андреј Громико.

1990.- СССР и Израел воспоставиле конзуларни односи. Масква ги прекинала дипломатските односи поради шестдневната израелско-арапска војна во 1967 година. Истиот ден биле воспоставени и целосни дипломатски односи меѓу СССР и Јужна Кореја.

1991.- Повеќе стотици илјади Чеси загрижени поради евентуалната поделба на земјата барале референдум за отцепување на Словачка.

1993.- Во серијата силни земјотреси во југозападна Индија загинаа најмалку 22.000 луѓе.

1993.- Советот на НАТО го одобрил воениот план за поставување на повеќе од 50.000 војници во Босна и Херцеговина во период од две години.

1998.- Во Скопје почнала со работа Македонската информативна агенција – МИА, официјален јавен информативен сервис на Република Македонија. МИА е новинска агенција формирана со одлука на Собранието на Република Македонија во февруари 1992 година, а активирана со одлука на Владата на Република Македонија на 1 декември 1997 година.

2004.- Во самоубиствен напад врз американски воен конвој во Багдад, кој го извршиле припадници на терористичката група на јорданскиот екстремист Абу Масаба ел Заркави, загинале 41 лице, од кои 34 деца кои поитале да земат слатки од американските војници.

2009.- Умре Павел Попович, легендарен руски космонаут од првиот круг на Гагарин. Од 1954 година работел како пилот во составот на Военото воздухопловство на Советскиот Сојуз. Како командир на бродот „Восток 4“ првпат летал во космосот во траење од два дена, 22 часа и 57 минути, а од 1962 година се подготвувал за лет на Месечината. Од 1980 до 1989 година бил заменик началник на Центарот за подготовки на космонаути „Гагарин“. Двапати бил прогласен за херој на Совескиот Сојуз.

2015.- Френки Форд, рокенрол и блуз музичар кој славата ја стекнал со синглот „Sea Cruise“ од 1959 година, кога имал 19 години, починал во Њу Орлеанс на 76 години. Форд покрај „Sea Cruise“ бил познат и по хитовите „Roberta“, „Time after Time“ и „You Talk Too Much“. Во куќата на славните во Луизијана бил примен во 2010 година.