Последно собирање на пратениците во овој парламентарен состав

од Nikola Popovski
155 прегледи

Последната пленарна седница на овој парламентарен состав ќе се одржи денес. На дневен ред на оваа пленарна седница закажана за во 11 часот се пет точки – дополнетиот Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за извршување на санкциите, дополнетиот Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за народниот правобранител, дополнет Предлог на закон за основање на Медицински факултет во состав на Универзитетот „СвКлимент охридски“ – Битола, сите во второ читање и Предлог на автентичното толкување на член 93 став 2 од Законот за урбанистичко планирање и барањето за давање на автентично толкување на член 19 од Законот за наследувањето, поднесено од пратеникот Лидија Тасевска.

На продолженијата на 131-та, 135-та, 138-та, 145-та и 103-та седница, меѓу другите, на дневен ред се и закони за кои е завршена расправата и за кои ќе треба само да се гласа.

Власта и опозицијата мегусебно се обвинуваат за тоа зошто овој мандат е неуспешен. Од ВМРО-ДПМНЕ обвнуваат дека поради тенкото мнозинство на власта се правеле „дилови“ надвор од Деловникот, малку се работело, многу се злоупотребувало европското знаменце.

Според координаторот на ДУИ, Арбер Адеми, блокадите на ошпозцијата овој собраниски состав го прават неефективен. Сепак, вели координаторот Адеми, биле донесени многу корисни закони за граѓаните.

Собранието неформално ќе ја прекине работата во пресрет на кампањата за претседателските избори на 24 април која почнува на 4 април, додека парламентарните избори се закажани за 8 мај.

Слични содржини