Треба да му се заблагодариме за тоа каков син, спортист и личност беше. Не можеме да му кажеме последно благодарам затоа што си замина прерано, но тоа мора да се прифати, изјави свештеникот на погребот на трагично загинатиот хрватски ракометар Денис Тот (27). Ѓаково, хрватскиот ракомет и цела држава се завиени во црно, пренесува хрватски „Вечерњи“.
– Нека неговиот живот и неговите победи во животот бидат сила за сите вас – нагласи тој и додаде:
– Прочитав автобиографија на еден спортист кој вели: Имам 50 години и се ме боли, но да се родам пак повторно ќе бев спортист. Спортот ве учи да победувате, а тоа го научи Денис во спортското семејство.
Имено, неговиот татко бил фудбалер, а брат му е ракометен голман. Денис играше на позицијата десно крило.
Обдукцијата на телото на младиот спортист покажа дека тој бил убиен за што МВР сомничи три лица: А.Г.(28), К.Л.(19) и А.К.(22). Осомничените 19-годишниот К.Л. и 22-годишниот А.К., се приведени и дадоа исказ во присуство на адвокат и одредена им е мерка притвор, додека А.Г. се уште е во бегство и по него се трага.
Фото: Dubravka Petric/Pixsell