Ќе уживате во одличниот вкус на највкусната посна салата

Потребни состојки:
600 грама конзервиран црвен грав
150 грама конзервирана пченка
3-4 главици кромид
5-6 црвени пиперки
Начин на подготовка:
Исечкајте го кромидот, посолете го и додајте бибер, ставете оцет и масло, па изгмечете го. Во него додајте ги пиперките исечкани на коцки, гравот и пченката (измиени и исцедени), па внимателно измешајте. Украсете со лист од магдонос или крукчиња и листови од млад кромид. Можете да ја направите салата и со печени, исчистени црвени пиперки, наместо со свежи.