Послужете со сезонска салата и уживајте во сочниот посен ручек!
СОСТОЈКИ:
1 шолја од 200 мл ориз
2+2 лажици брашно
бибер
сол
масло
2 лажици суви печурки
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Оризот исчистете го, измијте го, згответе, изладете и измешајте со една полна лажица брашно. Додајте малку бибер и сол, па од добиената маса правете шницли и секоја извалкајте ја во брашно (од прилика 2 лажици).
Во тенџере ставете масло, добро загрејте го, па паржете ги подготвените шницли.
Печурките добро измијте ги и згответе ги во солена вода. Исечкајте ги на тенки парчиња, малку пропржете ги на масло, па додајте лажица брашно и посолете по вкус.
Шницлите од ориз наредете ги на чинија па прелијте ги со сос од печурки.
Послужете со сезонска салата и уживајте во сочниот посен ручек.