Вистинска фантазија од вкусови!
Чоколадните брауни се омилените колачиња на многумина, а овој рецепт ќе ги воодушеви вашите домашни

Секоја комбинација со чоколадо е примамлива, а ако додадете и киселкаста нота со помош на овошје, ќе добиете полн погодок!
Потребни состојки:
250 грама темно чоколадо
200 грама путер
100 грама кафеав шеќер
1 ванилин шеќер
прстофат сол
2 лажици какао во прав
3 јајца
150 грама брашно
340 грама малини (свежи или замрзнати)
Приготвување:
На пареа стопете путер и чоколадо, додајте какао и оставете ги да се изладат малку.
Земете подлабок сад во кој ќе ги изматите јајцата со шеќер и ванилин шеќер.
Во смесата додајте ги чоколадото и путерот и кратко изматете со миксер.
Додајте брашно и прстофат сол во смесата и повторно добро изматете.
Додајте малини во смесата, па внимателно измешајте со шпатула.
Ставете ја смесата во плех обложен со хартија за печење.
Израмнете со шпатула и ставете го колачот во претходно загреана рерна на 180 степени Целзиусови.
Оставете го колачот да се печете 40 до 50 минути.
Извадете го од рерна и оставете го целосно да се излади, а потоа исечкајте го и послужете го.
По желба, може да го печете колачот и во калап за торта, па да го украсите со малини кога ќе биде готов.