Поставен експлозив во најголемиот магацин за муниција во Источна Европа (ФОТО)

од Stefanija Kuzmanovska
270 прегледи

Поранешниот воен инспекторат на министерството за одбрана на Молдавија објави дека вооружените сили на Придњестровје поставиле експлозиви во сите магацини со оружје во отцепениот регион, вклучително и складиштето за муниција во Кобасна, така што доколку започне каква било воена операција, тоа би предизвикало катастрофална штета во делови на Молдавија, Придњестровје и Украина.

Инаку, магацинот Кобасна е најголем во Источна Европа и содржи до 20.000 тони оружје и муниција од советската ера. Молдавците предупредуваат дека само експлозијата во тој магацин би била идентична со оние во Јапонија кога Американците фрлија атомски бомби врз Хирошима и Нагасаки.

Дополнително, Академијата на науките на Молдавија утврди дека експлозијата на оружјето, кое се наоѓа во складиштето за муниција, на кое одамна му истече рокот, ќе биде еквивалентно на атомското бомбардирање на Хирошима и Нагасаки. Загриженоста за таков настан се зголеми по експлозијата во Бејрут во 2020 година.

Слични содржини