Поставен нов светски рекорд на 400 метри со пречки

од Vladimir Zorba
218 прегледи

Американската атлетичарка Сидни Меклафлин, актуелната олимписка победничка, го собори светскиот рекорд на 400 метри со пречки во саботата на американското првенство во Орегон со време од 51.41, што ја прави најголемата фаворитка на Светското првенство кое започнува за три недели.

Меклафлин лани во американските квалификации за Олимпијадата постави рекорд од 51,90, а потоа го подобри во финалето на Олимписките игри во Токио на 51,46.

Бритон Вилсон (53,08) и Шамие Литл (53,92) вчера беа далеку зад неа во финалето на американското првенство.

Слични содржини