Поставени заштитни столпчиња-веќе нема паркирање на коловозот пред „Силбо“

од Берта Китинска

Се поставуваат заштитни столпчиња на улицата „Костурски Херои“, на потегот од улица „Радњанска“ до вклучувањето во булеварот „Партизански Одреди“, кај „Силбо“.

-Решаваме уште еден проблем на центарци – денес поставуваме заштитни столпчиња на улицата „Костурски Херои“, на потегот од улица „Радњанска“ до вклучувањето во булеварот „Партизански Одреди“, кај „Силбо“.Со овие столпчиња автомобилите веќе нема да може да паркираат на коловозот пред „Силбо“, со што ќе се нормализира сообраќајот во овој дел од Центар и ќе се намали метежот.Апелирам до граѓаните да ги почитуваат правилата за однесување во сообраќајот и да не ги оштетуваат поставените заштитни столпчиња, информираше градоначалникот на општина Центар Горан Герасимовски.

Слични содржини