Постигнат договор: ЕУ купува 300 милиони дози вакцина против коронавирус

од Nikola Popovski
215 прегледи

Европската комисија соопшти дека постигнала договор со британската компанија „Аstrazeneca“ да купи најмалку 300 милиони дози од нивната потенцијална вакцина против Ковид-19.

Извршниот претставник на ЕУ, кој преговара во име на 27-те членки на организацијата, изјавил дека договорот вклучува опција за купување дополнителни 100 милиони дози, доколку вакцината се потврди дека е безбедна и ефикасна.

Ова е прва спогодба на ЕУ за набавка на вакцина против Ковид-19 однапред.

„Денес, по неколку недели преговори, имаме преддоговор за набавка на потенцијална вакцина“, изјавила комесарјката за здравство на ЕУ, Стела Кириакидес. Сепак, детали за тој договор сè уште не се објавени,

Претходно, американската компанија „Новавакс“ објави дека Велика Британија ќе купи 60 милиони дози од потенцијалната вакцина против „Ковид-19“ од неа.

Компанијата и британската влада ќе соработуваат во третата фаза од клиничкото испитување со цел да се процени ефикасноста на вакцината кај британското население, се наведува во соопштението.

Не се објавени финансиски детали за договорот.

Ќе биде објавена студија за околу 9000 лица на возраст од 18 до 85 години.

Слични содржини