327
Со Законот за потекло на имот освен актуелни, ќе бидат опфатени и поранешни државни функционери. Затоа е стравот во белиот дворец, кој е полн со oсудени лица или лица против кои се водат судски процеси за коруптивни дејствија, велат од СДСМ преку соопштение.
Според нив, договорени тендери, енормно богатење на поединци од ВМРО-ДПМНЕ, преземање на цели бизниси, корупциски скандали, беа редовна појава за време на 11 годишниот режим на ВМРО-ДПМНЕ.
-Денес, на дело имаме јасна антикорупциска политика на институциите кои се посветени на обезбедување силен, независен и ефикасен правосуден систем, нешто што беше и очигледно се уште е мисловна именка за ВМРО-ДПМНЕ, стои во соопштението на владеачката партија.