Постојано сте поспани и исцрпени? Овие намирници предизвикуваат ЗАМОР

од Stefanija Kuzmanovska
419 прегледи

Експерти велат дека постојат намирници кои ја „крадат“ нашата енергија. Ако ги јадеме често, постои можност да се чувствуваме уморни, поспани, а понекогаш дури и депресивни.

Заморот и недостатокот на енергија кои понекогаш ги чувствуваме, не само кога извршуваме секојдневни активности, туку и додека одмараме, можат да ни создадат проблеми, а причините се многубројни. Последица на таквата состојба е, меѓу другото, и начинот на исхрана, иако тоа обично не ни паѓа на памет.

Експертите објаснуваат дека постојат намирници кои доколку се конзумираат во поголеми количини, доведуваат до чувство на исцрпеност.

Храната од оваа листа сведете ја на минимум:

Тестенини
Најидеално би било ако можете целосно да го елиминирате овој вид храна од менито и да ги замените со оние направени од цели житарки. Оваа храна е богата со јаглени хидрати и тие прво го зголемуваат нивото на шеќер во крвта и даваат лажно чувство на ситост, проследено со ненадеен пад на шеќерот во крвта.

Поради тоа, во одреден момент ќе почувствувате дека имате многу енергија, а после тоа ќе дојде до ненадеен пад на енергијата.

Слатки
Исто како и тестенините, и слатките можат да ја исцрпат нашата енергија и да делуваат на ист начин. Експертите потенцираат дека не треба целосно да се исфрлат од исхраната, бидејќи шеќерите се неопходни за правилно функционирање на мозокот, но во секој случај треба да се сведат на минимум, пренесува „Стил“.

Мрсна храна
Пржената храна содржи висок процент на маснотии и низок процент на растителни влакна, што го забавува варењето и со тоа се намалува нивото на енергија.

Нискокалорична храна
Кога ќе дојде време за закуска, некои луѓе се одлучуваат за нискокалорични верзии на нивната омилена храна, верувајќи дека се поздрав избор. Сепак, оваа храна е одговорна и за намаленото ниво на енергија во текот на денот.

Слични содржини