Постсмртниот тест на Амди Бајрам бил позитивен на коронавирус

од Берта Китинска
417 прегледи

Денеска почина поранешниот пратеник и политичар Амди Бајрам. Тестот кој постхумно му бил направен покажал дека тој бил позитивен на Ковид-19.

Пред една недела, Бајрам направи свадбената прослава за својата внука која беше организира во Турција каде нема забрана за свадби.

Лидерот на Сојузот  на Ромите почина денеска претпладне на 64 години, страдал од проблеми со срцето и дијабетес, поради што лани му беше ампутирана едната нога. Тој веќе починат бил донесен во една приватна болница во Скопје.

„Тој имаше комплексна здравствена состојба, со хронични болести. Предмалу дознав и навистина немам информација дали е земен ковид тест“, одговори министерот за здравство Венко Филипче.

Слични содржини