Посветеноста на Франција и САД не може да не вродат со плод, вели Жерновски за спорот со Бугарија

од Nikola Popovski

Поранешниот заменик-министер за надворешни работи и поранешен градоначалник Андреј Жерновски смета дека ваква посветеност на францускиот претседател Емануел Макрон за решавање на македонско-бугарскиот спор, како и посветеноста на Германија и САД, не може да не вроди со плод.

-На Макрон во првиот мандат му забележуваа дека е човек од зборови, а сега се очекува да биде човек од дела. Мислам ќе победи оваа заложба. Треба да се биде внимателен со тоа што ќе се прифати и какво ќе биде решението на крај, појаснува Жерновски во гостувањето на емисијата „Топ тема“.

Тој додава дека мораме да бидеме интелигентни и да го искористиме периодот.

-Не може да не радува позитивниот притисок од Вашингтон. Ние сме прва земја од Западен Балкан што го Стратешкиот дијалог со САД. Погледнете ги средбите на Османи со Блинкен и изјавите на Петровска од Пентагон. Ние сме сојузници со САД. Тука е и автокефалноста на МПЦ.

Слични содржини