Лука Дончиќ, словенечкиот кошаркар кој го носи дресот на Далас Маверикс, најави дека ќе го плати погребот на трагичните жртви од масакрот што се случи во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград.
Кошаркарот на Словенија преку свои претставници потврди дека ќе ги сноси трошоците за погребот, како и психолошкото советување за учениците и вработените во училиштето кое беше погодено од незамисливата трагедија, ја пренесе „ESPN“ информацијата што ја добиле од фондацијата „Лука Дончиќ“.
Zbog tragedije i izgubljenih dečijih,nevinih života moje srce je slomljeno! Moje misli su sa porodicama žrtava i celom nacijom.
Moja fondacija,povodom ovog teškog i nemilog dogadjaja,pruža podršku svim porodicama,učenicima i nastavnicima osnovne škole Vladislav Ribnikar.— Luka Doncic (@luka7doncic) May 4, 2023
Набргу потоа се огласил и самиот Дончиќ:
„Срцето ми е скршено од трагичното пукање во училиште во Србија и загубата на животите, вклучително и невини училишни деца. Моите мисли се со семејството и целата заедница погодена од оваа трагедија“, напиша Дончиќ и додаде:
„Преку мојата фондација барам начин веднаш и долгорочно да им помогнам на учениците, институцијата и семејствата погодени од масовното убиство во училиштето Владислав Рибникар. Посветен сум и ќе продолжам да споделувам нови информации и начини да помогнам додека добивам нови детали“, напиша Дончиќ.
Дончиќ е исклучително приврзан за Белград, вклучувајќи ги и неговата баба, тетка, вујко и братучеди кои живеат во околината на Белград.
Фото: USA TODAY Sports / ddp USA / Profimedia