Одреден е притвор за бизнисменот Сеад Кочан, и наредено стражарно приведување со потерница.
Кривичниот совет на основниот суд скопје 1 вчера му одредил притвор и издал потерница, односно наредба за приведување за Кочан која стапува на сила веднаш. Засега неам инфромации дали обвинетиот е приведен.
Притворот е одреден откако кривичниот совет ја прифатил жалбата на специјалното обвинителство кое ја поднесе на одлуката на судијката на претходна постапка која прво го одби барањето за притвор.
Советот вчера одлучил дека сите основи за притвор се исполнети, односни го прифатил образложението на СЈО дека Сеад Кочан ако остане на слобода може да избега, да влијае на сведоци или да уништи докази за случајот Труст во кој го сомничи специјалното обвинителство како поранешен управител на фирмата Трансмет, а во врска со тендер со фалсификувани документи во РЕК Битола.
Судот минатат недела донесе само мерки на претпазливост само за вториот осомничен Василије Авировиќ, управител на „Силекс неметали СТ“ , и син на пратеничката Владанка Авировиќ од партијата на Љубисав Иванов =Ѕинго, со одредба да не контактира со одредени лица.
Според специјалното обвинителство, конзорциумот на Трансмет“, „Силекс неметали СТ“ и „ВАТО“ наплатил незаконски 17 милиони евра државни пари на тендер во 2011.