Потона брод со мигранти во Грција: 41 лице загина, стотина исчезнати

од Stefanija Kuzmanovska
224 прегледи

Најмалку 41 лице загина откако рибарски брод со голем број мигранти се преврте во меѓународни води во близина на Пелопонез во јужна Грција, соопштија претставници на крајбрежната стража.

Досега се спасени 104 лица, а се стравува дека ќе се зголеми бројот на жртвите.

Бродот се преврте во меѓународни води на 47 наутички милји југозападно од Пилос.

Истрагата на крајбрежната стража е во тек, а според достапните информации, на рибарскиот брод долг 30 метри во моментот на неговото превртување во близина на градот Пилос имало најмалку 400 лица – мигранти од Авганистан, Пакистан, Сирија и Палестина, поради што се стравува дека исчезнале стотици луѓе, пренесува „Катимерини“.

Бродот тргнал од Тобрук, Либија и пловел пет дена по убаво време додека не стигнал до точката каде што потонал.

Според изворите на грчката „Прото тема“, мигрантите на бродот не знаеле да пливаат, додека никој од спасените не носел појас за спасување.

Слични содржини