Потпишан договор – војската на Србија набави „дронови камикази“

од Vladimir Zorba
161 прегледи

Делегација на Министерството за одбрана на Србија и претставници на корпорацијата „Еџ“ од Обединетите Арапски Емирати потпишаа договор за набавка на „камикази беспилотни летала“ за српските вооружени сили на Саемот за оружје и воена опрема „Идекс“ во Абу Даби, дознава „Новости“.

Оттаму објавија дека договорот е потпишан вчера, на последниот ден од Саемот за оружје и воена опрема, а за шест месеци треба да бидат испорачани „дроновите камикази“ што ги произведува Обединетите Арапски Емирати.

Според информациите, иако деталите од договорот не се објавени, предмет на продажба најверојатно е системот за беспилотни летала камикази RW-24 на компанијата „Халкон“ која работи под името „Еџ“.