153
Во присуство на грчкиот премиер Киријакос Мицотакис, потпишан е договор за изградба на дополнителни 35 километри гранична бариера долж границата на грчката област Еврос на североистокот на таа земја со Турција.
На потпишувањето на договорот во петокот, Мицотакис повтори дека планот е да се прошири граничната бариера до 140 километри од копнената граница на Грција со Турција.
Грчкиот премиер изјави дека ќе продолжи да бара средства за изградба на бариерата од европските фондови на сите нивоа, објави „Грик репортер“.