Потпишан економскиот договор меѓу Белград и Приштина

од Vladimir Zorba
166 прегледи

Помошникот на претседателот на САД, Доналд Трамп изјави дека Србија и Косово постигнаа договор за економска нормализација во Вашингтон.

Како што неофицијално јавуваат медиумите, нема спорна точка во договорот за независност, а има и точка во врска со Газивода, што им пречеше на Албанците. Исто така, во договорот стои и мини Шенгенот, инфраструктурни проекти, но и српските светилишта.

По потпишувањето на договорот во Овалната соба, Доналд Трамп ќе одржи краток состанок со Вучиќ и Хоти.

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, пристигна во Белата куќа околу 17 часот по средноевропско време, додека приштинската делегација пристигна околу 17 часот и 38 минути.

Средбата на претседателот на САД со Вучиќ и Хоти требаше да се одржи во 17 часот, а приштинските медиуми, во меѓувреме, објавија дека Хоти доцни по предупредувањето од Приштина дека ќе падне владата доколку тој го потпише договорот.

И покрај споровите во владејачката коалиција и противењето на лидерот на АБК, Рамуш Харадинај, на потпишувањето на договорот со Белград, во приштинската делегација има и министри од таа партија.

Слични содржини