Потпишан нов Меморандум за соработка во одбраната: „Стратешкото партнерство со САД е уште посилно“

од Nikola Popovski

„Стратешкото партнерство со САД е уште посилно!“, објави министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, откако заедно со високата претставничка на Пентагон, Мара Карлин, потпиша нов Меморандум за соработка во одбраната.

Според Шекеринска, ова ги отсликува зајакнатата соработка и новите заеднички иницијативи во модернизацијата и опремата на Армијата, во заедничките обуки, вежби и мисии, во развојот на Криволак како НАТО капацитет.

Меморандумот најавува унапредување на стратешкото партнерство преку заеднички обуки и вежби, унапредување на можностите за борба против тероризмот, поинтензивна размена во професионалното воено образование, како и подобрување на интероперативноста.

По потпишувањето на Меморандумот, Шекеринска и Карлин, во телефонски разговор се согласија дека Меморандумот е доказ за взаемната посветеност на развивање на соработката во одбраната на билатерално ниво, но и како земји – сојузнички во НАТО.  Во разговорот беше изразено задоволство од зголемената соработка меѓу Северна Македонија и САД во поглед на модернизацијата и опремувањето на Армијата, заедничките обуки и вежби, заедничкото учество во НАТО мисиите и соработката во развој на полигонот Криволак во НАТО капацитет. Во пресрет на 27 март, министерката Шекеринска од високата претставничка на Пентагон, Карлин, доби честитки за претстојната годишнина од зачленувањето на Северна Македонија во НАТО.

Слични содржини