Потпишани над 14 илјади граѓани, најмногу досега собрал Османи

од Nikola Popovski
1,K прегледи

Државната изборна комисија го направи првиот пресек за процесот на собирање 10 илјади потписи од граѓани за претседателските кандидатури.

Заклучно со сабота 24.02, над 14 илјади граѓани одлучиле да ја поддржат кандидатурата на некој од подносителите. Досега, најмногу потписи собрал кандидатот на ДУИ, Бујар Османи, речиси 5 ипол илјади. 3 илјади и 600 потписи добил Максим Димитриевски од движењето ЗНАМ – За наша Македонија. Речиси 3 илјади собрала кандидатката на „Левица“, професорката Билјана Ванковска – Цветковска, а околу 2 илјади потписи веќе има зад името на кандидатот на ГРОМ, Стевчо Јакимовски.

Другите кандидати кои ја почнаа процедурата, сè уште се под илјада потписи, а за едно од имињата сè уште стои нула. Фаворитите на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ, Пендаровски и Силјановска – Давкова, идниот викенд треба да бидат потврдени на конвенции, а Мицкоски рече дека Силјановска – Давкова ќе биде поддржана и од пратеници и од граѓани.

За влез во претседателската трка потребни се 10.000 потписи од граѓаните, а рокот за собирање е до 8 март.

Слични содржини