Потпишани протоколи за слободниот пазар на труд: Што значи тоа за земјите од Отворен Балкан?

од Nikola Popovski

Во Скопје денеска, како дел од иницијативата Отворен Балкан, беа потпишани два протоколи кои ќе овозможат воспоставување слободен пазар на труд за земјите од Отворениот Балкан – Македонија, Србија и Албанија.

Потпишани се Протоколот за спроведување на договорот за условите за слободен пристап до пазарот на трудот во Западен Балкан и Протоколот за поврзување на шемата за електронска идентификација на граѓаните од Западен Балкан.

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ денеска пред потпишувањето изјави дека овие протоколи ќе овозможат на 1 март да стапи на сила целосно слободен пазар на труд на земјите од Отворен Балкан.

Тој рече дека ова потпишување го чекале со месеци и дека тоа е одлична и важна вест, бидејќи заедничкиот пазар на труд ќе придонесе за создавање подобар бизнис амбиент и за домашните и за странските компании, како и за надминување на проблем со недостаток на работна сила и создавање пазар на труд од речиси 11 милиони жители.

Слични содржини