Потполковникот позитивен на ковид 19, сместен на Инфективната клиника (ФОТО)

од Берта Китинска
348 прегледи

Утрово во земјава пристигна македонскиот војник  кој е суспектен на јужноафриканскиот сој, објави министерката за одбрана Радмила Шекеринска.

-Рано утрово нашиот потполковник пристигна од Централноафриканската Република во Скопје. Добро го поднесе летот и сместен е на Инфективната клиника. Директорката на Клиниката д-р Милена Стевановиќ не’ информираше дека потполковникот е во добра општа состојба и стабилен. Му посакувам брзо да оздрави. Благодарни сме на Инфективната клиника и на сите кои учествуваа во медицинската евакуација, информираше Шекеринска.

Шекеринска вчера соопшти дека оваа медицинска евакуација е направена во соработка со европските служби за надворешни односи.Заразениот војник заедно со уште еден војник бил во мисијата на Европската Унија за обучувачи во Централноафриканската република.

Слични содржини