Потрагата по исчезнатиот Мартин продолжува и утре, отворена сметка за донации

од Nikola Popovski
197 прегледи

Министерството за надворешни работи информира дека потрагата по исчезнатиот македонски државјанин Мартин Јовановски во Грција продолжува и утре, што би значело шести ден.

-Како и досега во потрагата ќе бидат вклучени неколку брода на грчката крајбрежна стража, хеликоптер, како и возило на копно и волонтери од локалното население. Нашите претставништва остануваат во интензивен контакт со надлежните институции на Грција и семејството на исчезнатиот, и секоја информација навремено ќе биде пренесена, велат од МНР.

Едно од момчињата кои минатиот викенд исчезнаа на Халкидии кога беа повлечени од силните морски струи, Иван, информира дека отворил сметка за донации преку која ќе може да се поддржи потрагата по неговиот другар.

„Во име на семејството на Мартин кои се во активна потрага, отворив наменска донаторска сметка за собирање на средства. Доколку сте во можност, би ве замолил за ваша донација за што побргу да ја завршиме оваа потрага и да им го олесниме товарот на неговата фамилија“, објавува Иван.

Сметката за донации од Македонија е следна:
200003989311717
Стопанска Банка АД Скопје
Цел на дознака: Донација за Мартин
Шифра на плаќање : 562

Сметка за донации од странство:
IBAN : MK07200003989312202
SWIFT CODE : STOBMK2X
Stopanska Banka AD Skopje

Слични содржини