Потрагата заврши, обвинетиот за „Монструм“ спроведен во Шутка

од Берта Китинска
310 прегледи

Потрагата по Агим Исмаиловиќ обвинет во случајот „Монструм“  заврши вчера во 16 часот. Откако полицијата го затекна во неговито дом тој веднаш со визило беше спроведен  во затворот Шутка.

-Кривичниот совет на одделението за организиран криминал и корупција при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлог на надлежниот обвинител во предметот со КОК бр. 66/17 во јавноста познат како „Монструм“ за опредлеување мерка притвор против Ф.А. и А.И, донесе решенија со кои гo прифати предлогот со оглед да се исполнети условите од член 199 ст.1 т.1од ЗКП, соопштија од Кривичен суд.

Од опозицијата побара оставка од министерот за внтрешни работи Оливер Спасовски бидејќи свесно дозволил да избега Исмаиловиќ. Од СДСМ вратија дека Исмаиловиќ воопшто не избега.

Новинарот на тв Клан,  Фуркан Салиу објави дека ќе ја пренесе пораката од Исмаиловиќ дека не е точно дека се обидел да избега и дека денеска сам ќе се пријавел на надлежните органи.

„Агим Исмаиловиќ НЕ Е ФАТЕН затоа што не ни пробал да избега!Не му е определена мерка куќен притвор, па затоа не мора да биде секогаш дома. Единствена мерка на претпазливост која била изречена е да се јавува на суд два пати неделно, тоа го правел 3 години, без ниту една забелешка.Во моментот кога полицијата стигнала пред неговата куќа, он бил излезен, само што го известија дека е баран, дојде дома, спреми алишта и сакаше да се пријави во најблиската полициска станица. Пред да искочи од дома, се појави едно полициско возило и го приведе. Манипулативни наслови по одредени медиуми кои имаат за цел само кликови не се професионални, дури и му нанесуваат штета на обвинетиот, а се надевам дека тоа не е целта затоа што он да, е обвинет, ама не е виновен се додека не се докаже спротивното“, пишува Салиу на својот Фејсбук.

Слични содржини