ПОТРЕСНА СНИМКА: Телефоните на загинатите во Хроза непрекинато ѕвонеле по веста за нападот

од Stefanija Kuzmanovska

По вчерашниот напад на селото Хроза, телефоните на жртвите непрекинато ѕвонеа, објави на Х украинскиот функционер, советник на министерот за внатрешни работи Антон Герашченко.

Најмалку 55 лица, како што јави украинската претставничка за Харков, Марија Мезенцева, загинаа во нападот што погоди кафуле и продавница додека се одржуваше комеморација за загинат војник.

„Замислете ја личноста од другата страна која се обидува да открие дали нејзините најблиски се безбедни“, напиша Герашченко со објавата на шокантното видео.

„Можно е некој да им дојавил на Русите за местото и времето на комеморацијата во Хроза“

Говорејќи за Би-Би-Си Радио 4, Марија Авдеева, украинска безбедносна аналитичарка и новинарка, рече дека некој можеби ја известил руската војска за одржување на комеморација во кафулето во селото Хроза.

„Можеме да претпоставиме дека некој дал информации за местото и времето на собирање на овие луѓе“, рече таа.

„Од она што сега го гледаме на руските пропагандни канали, тие известуваат дека имало воени собири за погребот, што е лага, бидејќи ова беше главно цивилна церемонија.

Украинскиот министер за внатрешни работи Ихор Клименко вчера изјави и дека постои „сомнеж“ оти локален жител ја предупредил руската армија за местото каде што е планиран масовниот собир на луѓе.

Слични содржини