Украинскиот пратеник Олексеј Гончаренко на својот Твитер профил објави видео од градот Олешки, кој беше поплавен поради минирањето на браната Каховка. Како што изјавил, на него се гледа мајка со две деца која на покривот бара помош од спасувач.
Occupied Kherson Oblast, the city of Oleshki. Ukrainian artillerymen of the 406th brigade managed to use a drone to deliver drinking water to a woman and her children who were trapped. Russia does nothing to save people. Because this is an occupying country, it doesn't care about… pic.twitter.com/8bfuIXlsKx
— Oleksiy Goncharenko (@GoncharenkoUa) June 7, 2023
„Ова е окупираниот дел од областа Херсон, градот Олешки. Окупаторските власти велат дека таму се е нормално и не дозволуваат жителите да се евакуираат. Во меѓувреме мештаните ноќта ја поминаа на покривите од куќите.
Украинските артилерици од 406-та бригада успеале со дрон да донесат вода за пиење на жена и нејзините деца кои биле заробени. Русија не прави ништо за да ги спаси луѓето. Бидејќи ова е окупаторска држава, не се грижи за луѓето“, напиша Гончаренко.
This is the occupied part of the Kherson region, the city of Oleshki. The occupation authorities say that everything is normal there and do not allow residents to evacuate. Meanwhile, locals spent the night on the roofs of houses. pic.twitter.com/3SFlFyykfG
— Oleksiy Goncharenko (@GoncharenkoUa) June 7, 2023
Да потсетиме, поголемиот дел од јужниот дел на Украина беше поплавен поради минирањето на браната на реката Дњепар. Украина ја обвини Русија за овој напад, тврдејќи дека целта на сè е да се запре контраофанзивата.
Спасувачките служби работат на евакуација на жителите, а претседателот на Украина Володимир Зеленски изјави дека околу 42.000 луѓе се загрозени поради поплавите.