Прво, ОГРОМНА ама НАЈОГРОМНА благодарност за медицинскиот персонал во Модуларната болница во Тетово! Вложуваат надчовечки напори за секој пациент сместен таму и тоа е единствената вистина и став на моето семејство. Се останато напишано е невистина и срамота да се изврти!, стои во сведоштвото на девојка чиј татко бил меѓу пациентите кои биле хоспитализирани во модуларната болница во Тетово и се спасил.
Според неа, точно е дека пациентите во модуларната болница се со придружба поради недостиг на персонал е точно, но мораме да сфатиме дека бројот на хоспитализирани во Тетово е ОГРОМЕН!
-Медицинскиот персонал, колку и да е дефицитарен, прави се што може за пациентите згрижени таму и ова ви го кажувам од прва рака! Не е фер да се изврти работата и да се оцрни името на персоналот – на татко ми вчера му помогнал да излезе еден човек, но сестра ми во таа паника не видела кој е, а денеска дознавме дека човекот бил дел од ПЕРСОНАЛОТ!, вели девојката и додава:
-Муабетот дека поради пукнат штекер настанал пожарот – да, кажав дека таков муабет слушавме, а сигурно и сите вие во Тетово слушате. НО! Сестра ми и татко ми не виделе ништо, се што сакале во тој момент и таа паника било да се спасат и во никој случај не тврдат дека тоа е причината за пожарот бидејќи пак напоменувам НЕ ВИДЕЛЕ!
Дека пожарот изби многу бргу е факт, дека луѓе гореа живи за жал е факт, факт е дека мојте а и многу други избегаа низ прозорец, факт е дека колку и да го критикувате постоењето на придружба – придружбата заедно со персоналот им помогнаа на дел од пациентите да се евакуираат.
А најголем факт е дека ова е огромна трагедија за која верувам НИКОЈ не посакувал да се случи – пожарот се рашири многу брзо и тоа е максимумот што можеше да се направи и спаси.
ВЕ МОЛАМ ПОВТОРНО – не ми ги извртувајте зборовите и не додавајте масло, дај да ги жалиме мртвите и да им помогнеме на преживеаните место да правиме приказни за поголема читаност, објави девојката на Фејсбук.