354
Министерството за здравство информира дека минатата недела кај еден пациент кој е хоспитализиран во приватна болница, е детектирано присуство на индискиот сој на коронавирусот. Според епидемиолошката анкета која ја направила болницата, пацинетот се вратил од Ирак.
„Минатата недела кај еден пациент кој е хоспитализиран во приватна болница, е детектирано присуство на индиски сој на вирусот СарсКов2. Според епидемиолошката анкета која ја направила болницата, пациентот се вратил од Ирак, каде претходно 10 дена бил болен и хоспиталзиран, кога се вратил во земјава, веднаш со посебно санитетско возило бил пренесен во болницата“, велат од Министерството.
Од таму додаваат дека состојбата на пациентот е стабилна и овој пациент не е знак за ризик.