Потврдена одлуката на Кривичниот суд: Мијалков ќе остане во притвор во „Шутка“

од Nikola Popovski
319 прегледи

Апелација донела решение поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, да остане во притвор во истражниот затвор “Скопје”, објавија од ТВ Телма. Со тоа, се потврди одлуката на Кривичниот суд.

Мијалков нудеше гаранција од 10,8 милиони евра за да се брани од слобода, но таа не беше доволна ниту за Апелација. На барањето да излезе од притвор со гаранција се спротивстави и вишиот обвинител Бурим Рустеми.

Поранешниот директор на УБК е во затворски притвор од 23-ти февруари, а веќе има две првостепени судски пресуди на вкупно 20 години затвор.

Негативно мислење по однос на неговата жалба, но и понудена милионска гаранција, даде Вишото јавно обвинитество, иако претходно нивните колеги од Организиран криминал, сметаа дека 10 милиони евра се доволна гаранција Мијалков да не избега.

Мијалков издржува мерка притвор во предметот „Трезор“, каде е неправосилно осуден на 8 години затвор. Тој има уште една неправосилна пресуда за „Таргет-Тврдина“ од 12 години затвор, а наредната недела ќе ја слушне и пресудата за случајот „Тортура“. Против него се води и судски процес за случајот „Титаник 2“, а осомничен е и во истрагите „Империја“ и „Плацови на Водно“, за кое неодамна се поднесе обвинение и се чека одлука на судот дали ќе го прифати.

Слични содржини