Потврдена смртта на бизнисменот Чедомир Радомировиќ

од Nikola Popovski
461 прегледи

Полицијата ја потврди смртта на бизнисменот Чедомир Радомировиќ. Според информациите, лицето синоќа со тешки повреди на главата било пронајдено покрај возило кај село Орман, скопско.

-Вчера во 18.50 во село Орман до паркирано возило „Лексус“ со скопски регистерски таблички е пронајдено машко лице кое крварело во пределот на главата, а покрај него имало пиштол и чаура. Утврдено е дека станува збор за Р.Ч.(67) . Со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ каде им подлегнал на повредите. СВР Скопје презема мерки за расчистување на случајот, соопштија од МВР.

Засега не се соопштува дали станува збор за убиство или самоубиство. Повеќе детали се очекуваат во текот на денот.

Радомировиќ беше близок до поранешните високи партиски структури на ВМРО ДПМНЕ, особено до тогашниот партиски секретар Борис Змејковски. Беше еден од ретките бизнисмени кои во опозициските денови на оваа партија во 90 години од минатиот век финансиски ја потпомагаше.

Основач беше на Радо Банка, која пропадна во 2005 година откако Народната банка на Македонија констатира дека е неликвидна и не може да ги извршува налозите за плаќање.

Слични содржини