Институтот за јавно здравје денеска регистрира 11 оздравени пациенти во: Скопје-2, Прилеп-7, Велес-2. Во изминатото деноноќие не се регистрирани починати пациенти како последица на Ковид-19. Во последните 24 часа направени се 508 тестирања, а регистрирани се 37 нови случаи со Ковид-19 и тоа во: Скопје-12, Куманово-8, Штип-2, Прилеп-2, Тетово-7, Струга-4 и Охрид-2, соопшти Министерството за здравство.
Вкупната бројка на Ковид-19 дијагностицирани во земјава од почетокот на епидемијата, како што се посочува, изнесува 1.978, бројката на оздравени пациенти е 1.422, на починати е 113, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 443. Последната дистрибуција по градови е:
• Скопје – 713, активни 199
• Куманово – 433, активни 34
• Дебар – 51,
• Штип-40, активни 5
• Прилеп –210, активни 48
• Тетово – 172, активни 77
• Струга – 75, активни 8
• Велес – 127, активни 43
• Битола –28, активни 7
• Охрид –23, активни 8
• Кавадарци – 5,
• Гостивар –21, активни 4
• Гевгелија – 4,
• Струмица – 3, активни 1
• Крива Паланка- 6, активни 1
• Радовиш – 4,
• Крушево – 3,
• Кочани – 31,
• Пробиштип – 2,
• Кичево – 2,
• Неготино -10, активни 3 (7 заболени лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
• Демир Хисар – 1,
• Македонски Брод – 2,
• Пехчево- 3, активни 1
• Делчево-1,
• Валандово -1,
• Виница – 3, активни 1
• Кратово-2, активни 1
• Берово-1, активни 1
• Свети Николе-1, активни 1
Направени се 508 теста и тоа преку: ИЈЗ –266, Ветеринарен факултет -21, Авицена –24, Биотек -44, Клиника „Жан Митрев“ – 5, Систина со PCR метода -31 и МАНУ -117. Досега во земјата се направени вкупно 25.270 тестирања на Ковид -19.
Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие 188 теста се во рамките на скринингот. Тестирањата се направени преку Центрите за јавно здравје во Велес, Кочани, Куманово и Скопје во градинки и геронтолошки установи. Денеска со скринингот е потврден еден позитивен случај кај вработен во Геронтолошка установа во Скопје. Досега со скринингот направени се 2.248 тестирања на Ковид-19, а регистрирани се три позитивни случаи на Ковид-19.
На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во изминативе 24 часа примени се четворица нови пациенти, хоспитализирани се 58 пациенти. На кислородна поддршка се 24, на механичка вентилација се двајца пациенти. Во ГОБ „8 Септември“ примени се пет нови пациенти, а хоспитализирани се 18 пациенти. На респиратор се пет пациенти, a со потешка клиничка слика се уште четворица пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани тројца пациенти, еден пациент во тешка состојба е пратен на Инфективната клиника во Скопје. На домашно лекување се следат уште четворица пациенти. Во болницата во Штип се хоспитализирани пет пациенти, нема пациенти кои се следат на домашно лекување. На ифективните одделенија во Тетово, Велес, Куманово, Прилеп и Охрид се хоспитализирани 42 пациенти, позитивни и сомнителни на Ковид-19, стои во соопштението од Министерството за здравство.