Потврдени 62 шумски пожари за два дена во Грција

од Vladimir Zorba
192 прегледи

Во периодот меѓу петок и сабота вечер во Грција се потврдени 62 шумски пожари, соопштија надлежните.

Во гаснењето на пожарот, кое започна во средата, учествувале 1.115 пожарникари со 426 камиони, 24 планински екипи за спасување и доброволци, со локална поддршка.

Пожарите сè уште горат во некои делови од округот Коринтија, каде до саботата вечер интервенираа 402 припадници на противпожарната служба со 82 камиони и 15 планински екипи за спасување.

Два пожари во западниот дел на Пелопонез полека се ставаат под контрола, а напорите за нивно гаснење продолжуваат.

Во тек е истрага за причините за пожарот, јавува новинската агенција АНА.