309
Во Албанија потврдени се првите случаи на птичји грип, соопшти министерството за земјоделство и рурален развој.
„По анализата на примероците од сомнителни случаи кај домашни кокошки, во Институтот за безбедност на храна и ветеринарство (ISUV), потврдено е присуство на птичји грип тип H5N8. Болеста е присутна во три жаришта населени места, лоцирани во административните единици Фуш-Круја, Дајт и Бујан“, наведува министерството.
Додава дека ветеринарната служба ги уништила погодените и сомнителни птици и оти презема мерки за спречување на понатамошното ширење на болеста.
Во рамки на министерството формиран е национален кризен центар за раководење и координација на планот на активности.