Апелациониот суд во Белград го потврди обвинението на Вишото јавно обвинителство во Белград против таткото и мајката на момчето Коста К.
Да потсетиме, со обвинението, кое претходно го потврди и Вишиот суд во Белград, таткото на момчето е обвинет за тешко кривично дело против општата безбедност, мајката за недозволено изработување, држење и носење оружје и експлозивни материи, додека сопственикот и инструктор на стрелиштето каде што малолетниот убиец вежбал да пука со неговиот татко, го товари за даавње лажен исказ.
Според српските медиуми, жалбата на обвинителниот акт до Апелациониот суд ја поднел само адвокатот на еден од обвинетите за давање лажен исказ, но овој суд го одбил како неосновано, пишува „Независне“.
Да потсетиме, Коста К. на 3 мај уби девет деца и еден вработен во обезбедувањето во основното училиште „Владислав Рибникар“.
Тој моментално се наоѓа на специјалната клиника во Белград.