Софи Тарнер, актерка во серијата Игра на тронови која ја игра улогата на Санса Старк, потврди дека следната година нема да гледаме сплетки во Вестерос, туку дека осмата и последна сезона од Игра на тронови ќе стигне дури во 2019 година.

Тарнер во интервју за Variety вели дека последната сезона „Dark Phoenix“ ќе биде емитирана во ноември 2019 година, а дека таа е продуцент во следниот филм.
Последната сезона ќе има само седум епизоди, за разлика од првите шест кои имаа по десет епизоди, односно, како и седмата сезона со седум епизоди. Меѓутоа седумте епизоди од седмата сезона ќе траат по 80-90 минути.
Продукцијата на осмата сезона почна во октомври, а веќе порано творците на серијата Дејвид Бенихоф и Ден Вајс за Entertainment Weekly најавија дека последната сезона имаат намера да ја работат година и пол. Снимањето ќе трае до крајот на летото, по што следува постпродукцијата. Затоа, невозможно е сезоната да биде подготвена до крајот на 2018 година.
Игра на тронови во моментот е најпопуларна HBO серија до сега снимена, а освои Златен глобус и 38 Еми награди, со што стана најнаградувана серија во историјата на Еми наградите.