Шпанското Министерство за внатрешни работи му дало одговор на прашалник на белгиското обвинителство за состојбата на затворите во кралството, во очекување на почетокот на сослушувањата за екстрадицијата на поранешниот каталонски лидер Карлес Пучдемон.
Во одговорот се вели дека ако биде екстрадиран во Шпанија и подоцна осуден на затворска казна во затвор тој ќе може да избира меѓу еднична ќелија, или да ја сподели со своите соборци, пишува во извештајот на Вангуардиа.
Пучдемон ќе биде во затвор “Естремера”, каде што во моментов во притвор се други поранешни членови на каталонската влада. Пишува и дека во затворот ќе се грижат за политика да нема акти на агресија против него од страна на други затвореници. Покрај тоа, поранешниот водач на Каталонија ќе може да остане во контакт со својот адвокат.